Правнукот на Гоце Делчев е во посета на Европскиот парламент.
Маестро Христо Христов, кој е најдиректен наследник на Гоце Делчев и истакнат диригент, во Брисел разговарал со бугарски и странски европратеници. Дел од темите на разговор биле односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, соопшти ЕП, пренесува бургас24.бг
Маестро Христов, кој престојува во Брисел на покана на европратеникот од ГЕРБ/ЕПП Андреј Ковачев, разговарал со известувачот на Европскиот парламент за Република Северна Македонија Илхан Ќучук, со известувачот на групата ЕПП, Кристијан Сагартс и со бугарските европратеници. Наследникот на Гоце Делчев се сретна и со претседателот на ЕПП Манфред Вебер и со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер.
Христо Христов рекол дека треба да се даде шанса да надвладее разбирањето:
„Да ѝ дадеме на музиката можност да ги надмине омразата и неединството, што е нетипично за илјадагодишната историја на нашиот народ, а е инфилтрирано од комунизмот“.
Маестро Христов, кој е правнук на најмладиот брат на револуционерот, е претседател на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“.