Вонредна ситуација се случи вечерва во Сисак, машко лице пукало од калашников, а како што информира вечерњи.хр неколку лица се повредени, а има и починати.
Полицијата во Сисак се огласи по пукањето.
-Денеска околу 20 часот и 10 минути во населбата Чапраше Пољане во Сисак дошло до пукање од огнено оружје при што неколку лица се повредени, а едно лице е убиено, пренесува 24сата.хр.
Во околината одекнуваат сирените на итната помош, а населбата е блокирана.
Во овој момент полицијата трага по сторителот и се води кривична истрага. Во тек е гаснењето на пожарот на три згради поврзани со овој настан.