Багер усмрти жена на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје. Информацијата за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.
– Во 11 часот денеска било пријавено дека работно возило, градежна машина – багер, управувано од И.А., на возраст од 42 години, од селото Грчец, скопско, удрило во 66-годишната Л.Ј. од Скопје, која починала на местото на несреќата, појаснуваат од МВР за МИА.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирана била смрт.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...