Квартално зголемување на бруто надворешниот долг za 2,1 отсто на крајот на март од 2023 година, забележа Народната банка, според која, бруто надворешниот долг изнесува 11.080 милиони евра (или 78,1% од проектираниот БДП) со зголемување од 224 милиони евра.
-Доколку се изземе влијанието на специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка врз долгот, бруто-долгот бележи квартално зголемување од 436 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемениот јавен долг (за 402 милиона евра) и приватен долг (за 34 милиони евра). Кварталното зголемување на јавниот надворешен долг е резултат на растот на долгот на секторот „држава“ за 449 милиони евра, заради издавањето нова еврообврзница , додека обврските на јавните претпријатија и јавните банки се намалија за 46 милиони евра, забележува НБРМ.
Растот на приватниот долг се должи на зголемениот долг на меѓусебно поврзаните субјекти (за 160 милиони евра) при намален долг на приватните банки (за 108 милиони евра) и на небанкарскиот приватен сектор (за 18 милиони евра).
Бруто надворешните побарувања, на крајот на првиот квартал од 2023 година, изнесуваат 6.851 милион евра (или 48,3% од проектираниот БДП) и забележаа квартално зголемување од 344 милиони евра (или за 5,3%).
Што се однесува до нето надворешниот долг изнесува, на крајот на март изнесува 4.229 милиони евра (или 29,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2023 година е намален за 120 милиони евра, или за 2,7%. Од аспект на структурата, приватниот нето долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 63%.