МВР го потврди вчерашното апсење на лица на граничните премини, но не кажува дали меѓу нив е и Владимир Тодоровиж, сопственик на маркетите „Тинех“ и екс градоначалник на Центар,
-Вчера (29.06.2023) во попладневните часови и во текот на вечерта полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик. Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, информираат од МВР.