Вака правилно се честита Барјам: еве што значат зборовите зад кои се крие посебно значење
Два месеци и десет дена после рамазан, муслиманите денес го прославуваат Курбан Барјам.
Курбан Бајрам доаѓа точно два месеци и денет дена после Рамазан, а се одбележува денес на 28 јуни и ќе се слави се до 1 јули. Во овие денови постот не е дозволен.
Овој празник се честита со реченицата „Бајрам шериф мубарек олсум“, што во превод значи нека биде честит и благословен Бајрам.
Одговор на овие зборови е : Алах Рази олсун, а во превод значи „Нека Алах биде задоволен со тебе“.
Во текот на празникот посебно се води сметка за пријателските и семејните врски.
Курбан-Бајрам се дочекува дома, а главните активности на исламските верници се свеченото клањање Бајрам намаз во првото утро и подготовка на курбанот, односно жртвата, која обично е овен.
Вообичаено жените остануваат во куќите, водејќи грижа трпезата да биде подготвена на посебен начин, а домаќинките велат дека трпезата на овој празник е повкусна од вообичаено, пренесува Стил курир рс