Славица Ангелова е победник во финалето на „Ѕвезда Гранда“, каде победи со над 88 илјади СМС гласови во самото суперфинале.
Покрај титулата, студентката по медицина освои и песна и спот, како и автомобил вреден 20.000 евра од продукцијата „Гранд“.
Веднаш по победата Славица за српските медиуми зборувала за преселбата воБелград, за нејзиниот карактер, како и за приватниот живот.
-Не знам дали ќе се преселам во Белград. Не размислував за тоа, рекла Славица а себе си се опишала како „Тивка вода брег рони“.
За приватниот живот и за тоа дали има дечко таа рекла:
-Не сакам да зборувам за тоа. Не смеам да зборувам за тоа. Важно е дека сум среќна. Никој не треба да се интересира за мојот приватен живот. Никогаш нема да зборувам за тоа, рекла таа.