По победата во „Ѕвездите на Гранд“, струмучанката Славица Ангелова за српските медиуми открила за несогласувањата со менторот Ѓорге Давид, но и за ритуалот пред настап.
-Не би знаела како да објаснам, ми се случува во моментот. Во текот на целото натпреварување постојано се договараме и секогаш се трудам да го испочитувам тоа што го наведуваме на пробата, но понекогаш едноставно ми се случува и знам дека малку ја „зезнав“ ситуацијата. Но, се надевам дека на крајот се ќе биде во ред, исто како и овој пат – изјави Славица зборувајки за менторот.
А пред важните работи таа ги применува старите обичаи. Таа пред четвртфиналето открила дека нејзините родители се пресреќни и дека пред да тргнат за Белград го направиле стариот ритуал.
-Пред да тргнеме од Струмица имаше поливање вода. Се шегувам, не сме толку традиционални, но има некои обичаи. Мама и тато се пресреќни и многу ме поддржуваат, што многу ми значи – додаде Славица, а пренесува србија данас.рс.