Македонските атлети Агрон Хајредини и Јулијана Петровска се закитија со злато и сребро на најголемиот спортски собир за лица спортисти со интелектуална попреченост, Летни олимписки игри на Специјалната олимпијада, кои се одржуваат во Берлин.
Предводени од тренерот Ифраим Љута, македонските натпреварувачи настапија во атлетската дисциплина „Скок во далечина од место“.
Хајредини го освои златниот медал, додека Петровска се искачи на подиумот со среброто.