Во американската сојузна држава Илиноис, во предградието на Чикаго се случило масовно пукање ноќеска по полноќ по локално време. Непознат напаѓач отворил оган пред трговски центар каде имало најмалку 200 луѓе, јавуваат американските медиуми.
Според првите информации најмалку 29 лица се застрелани и нивната состојба не е позната.
На видео снимки објавени на социјалните мрежи може да се види како голем број луѓе се обидуваат панично да избегаат од трговскиот центар и од пукањето.
Според очевидци, пукањето се случило за време на спонтано собирање на улица пред мал трговски центар, каде толпа од 200 до 300 луѓе, претежно тинејџери и млади, се собрале да го прослават крајот на учебната година.
извор-Н1