Случајот со излегувањето на виралното видео со орален секс на сега веќе екс- градоначалникот на Кукс, Албанија Сафет Ѓичи го коментираше експертот по криминалистика Ервин Карамучо.
-Сексуалниот чин е снимен со помош на торба, која била специјално ставена во таа сцена за снимање на чинот. Овие торби пристигнале и во Албанија, кои чинат околу 300 долари, рече Карамучо.
Според Карамучо наводната динамика е – влегување во канцеларијата на градоначалникот и снимање од торба. Чантата е поставена во погледот каде всушност би се извршил чинот, во предниот дел од канцеларијата.
-Ташната се наоѓа, ја гледате таа мала дупка во синџирот, има батерија. Ова е индиско производство, чини некаде околу 300 долари. Станува збор за ташни кои ги користат жените кои сакаат да уценуваат преку интимни филмски кадри, вели Карамучо.
Овие ташни ги има и во Албанија. Тој што ја вклучил камерата бил целосно свесен за тоа што се снима, смета Карамучо, според кого ова е планирано.
Скриената камера има многу широк агол на објектив од 140 степени. Доволно широк за да долови сè што се случува пред и од која било страна. Вклучува и звук за снимање на кој било разговор и други звуци што се појавуваат околу него.
Како што веќе објавивме, албанската Влада го разреши градоначалникот на Кукс, Сафет Ѓици по објавувањето на скандалозното видео со интимни моменти со девојка во неговиот кабинет.
Ѓици потврдува дека извесно време е во интимна врска со девојката од видеото, иако всушност тој се’ уште е во брак, има четири деца, па дури и станал дедо.