Македонската фудбалска репрезентација одигра одлично прво полувреме и очајно второ во кое примивме три гола и ја загубивме предноста од 2-0 која ја имавме по првите 45 минути, Украина го доби мечот со 3-2.
Македонија покажа две лица на мечот против Украина, изгледавме моќно во првиот дел и мизерно во второто полувреме. Имавме предност од 2-0, но не успеавме да освоиме ниту бод.
Во првиот половина час не се случуваше речиси ништо, македонската репрезентација имаше посед на топката, повеќе се играше на половината на Украина, но шанси немаше.
По половина час игра Украинците играа со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата тоа го виде со помош на ВАР и досуди пенал за нас. Барди постигна гол за водство на Македонија од 1-0.
Само осум минути подоцна Елмас постигна прекрасен гол од далечина и донесе водство на Македонија од 2-0.
Со одлична предност од два разлика го завршивме првото полувреме, но работите се променија во вториот дел.
Во 62. минути Забрни го намали резултатот на 2-1 и ја врати Украина во игра.
Само шест минути подоцна по одличен продор на Мудрик, Конопља изедначи на 2-2.
Ситуацијата за Македонија стана уште полоша во 73. минута кога Висар Муслиу заработи втор жолт картон, нашата репрезентација остана со играч помалку.
На седум минути пред крајот по фантастична асистенција на Мудрик, Циганков со глава реализираше за комлетен пресврт и водство на Украина од 3-2. Тоа беше и конечниот резултат на мечот.
Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите кој е показател дека ги губиме и миминалните шанси во тешката група која ја имаме.