Силниот дожд што во рана вечер го зафати кривопаланечкиот регион, донесе голема количина на вода во коритото на Крива Река, што тече во центарот на Крива Паланка. Водите не се закана за градот, но според предупредувањето на Центарот за управување со кризи (ЦУК) може да ги загрози селата по течението на реката.
-Според податоците од УХМР, на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој. Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, соопшти ЦУК.
И Куманово попладнето беше зафатено од големо невреме. Врнежите од дожд предизвикаа тешкотии во одвивањето на сообраќајот, а улиците беа под вода. Поплавени се улиците во пониските делови од градот.
https://www.facebook.com/1783283027/videos/1003970420908959/