Откако Приштина го забрани преминувањето на камиони со српска стока кон Косово, колони камиони има на сите административни точки – Мердаре, Јариње и Кончуљ. Српските медиуми јавуваат дека поминуваат само патничките возила и камиони со странски регистарски таблички и тоа по детална контрола на косовската полиција.
Во Грачаница, во близина на Домот на културата, припадниците на специјалните единици на косовска полиција претресуваа автомобили и луѓе.
Главниот пат што води од Приштина до Гњилане минува низ овој претежно српски град со околу 10.000 жители.
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Јосеп Борељ, вчера ги покани претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на приштинските привремени институции, Аљбин Курти на разговори во Брисел следната недела.