Родителите вообичаено доцна сфаќаат дека воспитуваат разгалено дете кое не ги слуша и не е свесно за последиците од своето однесување. Психолозите предупредуваат дека родителите всушност, со своите грешки придонесуваат во тоа одгледување на разгалено дете.
Можеби една од најчестите грешки е непоставувањето цврсти граници. Имено, тоа е она кога родителите ќе му забранат на своето дете да направи нешто, но набргу потоа му попуштаат бидејќи нивното малечко има „склоност“ да ги турка тие поставени граници. Иако многу истражувања покажуваат дека на децата всушност им се допаѓаат границите, поради детскиот бес потоа, родителот има впечаток дека неговите граници не се најдобрата опција… И, токму тука возрасниот греши.
Стручните совети предупредуваат дека детето кое нема јасно поставени граници на своето однесување, вообичаено е разгалено и почнува да се однесува лошо, како на училиште, така и подоцна на работното место, бидејќи смета дека правилата не важат за него / неа.
Психолозите исто така, велат дека детската интелигенција не е наследна, туку дека се наследува само диспозицијата т.е. потенцијалот што треба „да се активира“.
Како што објаснуваат стручњаците, родителите имаат најголема улога во раната стимулација, меѓутоа, бидејќи одредени работи можат значително и да го попречат развојот на интелигенцијата кај детето.
Меѓу тие грешки е претерувањето во помошта. Доколку родителот секогаш го исполнува секое барање на детето и му ги решава сите проблеми – на училиште, со другарчињата итн., на овој начин тој всушност го насочува своето малечко кон неуспех.
Оваа лоша навика кај детето го развива менталитетот на личност која никогаш не се залага за она што го сака, но и е многу непослушна и неодговорна. Ова е крајно опасно за неговата / нејзината иднина, бидејќи тие секогаш ќе бараат некој друг да им ги реши проблемите.
Наместо тоа, психолозите тврдат дека секое дете мора да преземе одговорност за своите постапки. Во спротивно, прекумерната заштита на родителот кон детето ќе ѝ нанесе само емоционална штета на личноста во развој, но и ќе го забави неговиот / неговиот ментален раст.
Натаму, друга грешка што ја прават родителите, а којашто го забавува психичкиот развој на детската интелигенција е постојаното споредување со другите деца. Иако родителите знаат дека тоа не е добра навика, многу често сопственото дете го споредуваат со неговите врсници или браќата и сестрите.
Според психолозите, споредувањето на детето со врсниците е лоша навика на родителите бидејќи детето така почнува да чувствува дека не е доволно добро за да биде сакано или згрижено, од разни и различни причини. Тоа го зголемува и чувството на љубомора, особено кај тинејџерите, а подоцна станува дел од нивниот идентитет на конфликтен човек кој ги критикува сите што се снаоѓаат подобро од него / неа.
Тука е и опасноста за развој на комплекс на помала вредност, при што детето би можело да изгуби интерес за самостојно вршење на работите и така да се забави развојот на интелигенцијата на самото дете.
МИА