Близначките Ерин и Џејд Баклс (19), од Вирџинија, САД, се родени споени од средината на градите до папокот. Лекарите биле загрижени за операцијата и нејзиниот исход, бидејќи двете девојчиња делеле иста дијафрагма и не знаеле дали ќе можат да дишат по операцијата.
Операцијата беше изведена во 2004 година во Детската национална болница во Вирџинија и беше успешна.
Опасната операција ја изврши тим од 12 лекари. Овој тим го сочинувале најдобрите во САД.
Мајката на девојчињата проговори во популарната емисија Добро утро Америка:
„Беше многу тешко. Не знаевме кога се родени дали ќе можат да преживеат“, сведочеше мајката.
Но, операцијата беше успешна и девојките се вратија во телевизиското студио 19 години подоцна, за да ја покажат својата благодарност кон луѓето кои им дадоа уште еден живот.
Денес двете девојчиња се на факултет. Џејд е во инвалидска количка поради проблем со ‘рбетот што се случил за време на операцијата, но тоа не ја спречува да го освои секој ден од животот. Покрај студиите, таа е и кошаркарка во инвалидска количка.