Затвореникот без траги на насилство бил пронајден изутрината во ќелија во затворот Идризово. Издржувал казна затвор од 11 години. Случајот е потврден од МВР.
„На 06.06.2023 година во 03,55 часот на СПБ Скопје, од затвор Идризово било пријавено дека во собата во полуотвореното затворско одделение без знаци на живот бил затекнат В.Л.(50) од Скопје, кој издржувал затворска казна во траење од 11 години, соопшти МВР.
Од страна на Итна медицинска помош констатирана е смрт без видливи знаци на насилство. По наредба на Јавен обвинител тело е испратено на обдукција.