Концертот на Тејлор Свифт во Чикаго пред околу 60.000 гледачи бил прекинат за момент кога инсект и влегол во устата и пејачката го проголтала.
На видеото снимено од гледачите на концертот, се гледа како Тејлор Свифт ја прекинува песната и кашла.
„Голтнав инсект. Се извинувам“, кажа пејачката.
Свифт брзо се обиде да го надмине изненадувањето велејќи: „Ох, тоа е одлично. Боже мој, дали некој од вас виде што се случи?’
Потоа се обиде да остане смирена, пејачката рече: „Во ред е, го проголтав“.
„На крајот на краиштата, беше забавно“ , рече Тејлор Свифт и продолжи со концертот.
извор: Прототема.гр