Третата сопруга на катарскиот емир отскокнува од строгите правла на оваа традиционална земја на Истокот. Се зборува дека Моза бинт Насер е миленичка на емирот, па не е чудно што во јавноста се појавува со отскриено лице. Таа има седум докторати, пет синови и две ќерки обожава висока мода, живее во луксуз, а се занимава и со хуманитарна работа.
Моза се омажила за катарскиот емир во 1977 година кога имала 18 години и додека се уште била студентка. Потоа во 1986 година дипломирала социологија на Универзитетот Катар, а потоа завршила и мастер студии по јавна политика во исламот.
Исто така неколкууниверзитети како познатиот Карнеги Мелона и доделил почесен докторат. Моза знаењето го применува во пракса, активна е во многу организации, како Арапската демократска организација, Организација за образование, наука и развој на заедницата и разни програми за помош на деца, и голем е хуманитарец.
Моза секогаш за себе вели дека пред се е гордда мајка на пет синови и две ќерки. Светот ја знае по раскошната облека, префинет и единствен стил. Познатиот магазин „Voque“ ја смести Моза меѓу пет најдобро облечени деловни жени на светот, а познатата Џулијен Мекдоналд ја нарече новата Џеки Кенеди. Моза обожава модели од модните куќи на Шанел, Живанши, Жан Пол Готје, Валентино.
Оваа елегантна жена води сметка и кој накит го носи, па на неа има исклучиво парчиња со проверен потпис – Хари Винтсон, Картиер, Дејвид Веб и други.
Што се однесува до облеката, омилен дизајнер на Моза е Кристијан Лобутин, иако со задоволство носи и облека од локални дизајнери за да ги поддржи.
Моза е многу ангажирана во Фондацијата Катар – преку 20 години. Нејзината мисија е да го подобри образовниот систем во Катар, а се занимава и за заука и подобар живот на заедницата.
Низ таа платформа Моза донела подобри страни на универзитетот во својата држава и така ја зајакнала врската која ги спојува двата света.
Моза го основала и „Силатех“, проект низ кој им помага на младите да почнат сопствен бизнис во државата и странство. Доста е посветена и на проблемот со семејно насилство, па секогаш во целиот регион промовира колку е важно да се зборува за тоа.
Често е во авион бидејќи поддржува разни проекти кои го менуваат животот на луѓето на подобро.
Моза во 2014 година во Лондон купила три куќи за 191 милион фунти. Бидејќи се една до друга, ги споила во огромна палата и им дала сјај и раскош за каков што знаат само кралските семејства. Поседува неколку луксузни автомобили, а сопственичка е на една престижна француска компанија која се занимава со преработка на кожа. На крајот, не е за чудење што познатиот Форбс Моза ја избра за една од најмоќните жени на планетата.
Извор: Нова.рс
Фото: Инстаграм