На денот на полагање на државната матура денес се случил скандал! Матурантката Тијана Силјаноска од Охрид не можела да полага државна матура. Од сите 200 матуранти на списокот недостасувало само нејзиното име, па ја вратиле дома.
Татко и револтиран за медиумите вели дека поради грешка на властите во Охрид , нема да може да се запише на посакуваниот факултет во Словенија.
-Таа е одличен ученик. Сакаше да студира во Словенија, сега е спречена. Момичето е под седативи дома. Од толку агилната администрација и директорката на гимназијата. Нека си сноси некој одговорност. Ова е административна грешка од фебруари, но никој не алармилар. Кога се потпишувале ќерка ми била отсутна, но никој не и кажал дека не била потпишана на списокот на кандидати, вели таткото.
За овој случај реагираа сите надлежни инспекторати од кои велат дека студентот бил обесправен.
На средношколката од Охрид и се одбиени првите два обиди за полагање државна матура, но тоа може само еднаш и тоа во август. Министерот за образование Шаќири најави дека ќе го истражи случајот.