Како што информира МВР, вчера околу пладне во реката Вардар кај скопско Ново село, бил забележан труп во водата.
-На 25.05.2023 во 12.49 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, во водите на реката Вардар бил забележан женски труп. Од екипа на противпожарната единица Скопје телото било извадено од реката и по наредба на Јавен обвинител било предадено за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот.