Холивудскиот актер Харисон Форд (80) на фестивалот во Кан не само што доби почесна Златна палма пред прикажувањето на петтиот и последен дел од серијалот Индијана Џонс во кој игра археолог, туку и големи комплименти..
По премиерата на прес-конференцијата новинарка го праша:
“Многу си згоден и сите се воодушевивме кога ќе ја соблечеш кошулата во една сцена од филмот. Сè уште ја имаш на себе. Како го правиш тоа? Можеш ли уште да јаваш коњ, го прашала таа.
На Харисон му беше непријатно, па помина со раката по лицето со гримаса и одговори:
-Да, можам да јавам коњ ако ми дозволат – одговори тој, а потоа со шепот се пошегува:
-Благословен сум со ова тело. Ви благодарам што забележавте, одговори тој и сите присутни се насмејаа
По долго време Форд се појави на црвениот тепих во друштво на сопругата Калиста Флокхарт.
Ова е последен пат за Форд да ја игра Индијана Џонс, еден од неговите најпознати ликови. Првиот филм за Индијана Џонс беше објавен во 1981 година, а ова е негово петто продолжение.