Три деца и едно бебе за чудо се пронајдени живи по 17 дена талкање во колумбискиот Амазон по авионска несреќа.
Браќата и сестрите, момчиња на возраст од единаесет месеци, четири и девет, и нивната 13-годишна сестра, беа на милост и немилост на дивите животни и преживеаја јадејќи овошје од џунгла пред да бидат спасени вчера, пренесува срспки курир.
Три возрасни тела веќе се извлечени по несреќата, за која се верува дека е предизвикана од механички дефект на 1 мај. Меѓу загинатите се и пилотот на авионот и мајка на четири деца.
Повеќе од 100 војници со кучиња трагачи поминаа низ џунглата каде падна авионот. Вооружените сили соопштија дека напорите за пребарување биле интензивирани откако спасувачите наишле на „засолниште изградено на импровизиран начин од стапови и гранки“, што ги натера да веруваат дека има преживеани.
Претседателот Густаво Петро го прогласи спасувањето за „радост за земјата“
Тој ја сподели веста на Твитер, велејќи дека децата биле откриени по „тешките напори за потрага“ од страна на војската.
На фотографиите објавени од вооружените сили, меѓу гранките на подот од џунглата може да се видат ножици и лак за коса. Пронајдено е и бебешко шише и полуизедено овошје.
Во понеделникот и вторникот војниците ги пронајдоа телата на пилотот и двајца возрасни кои полетаа од џунглата до Сан Хозе дел Гуавијаре – еден од главните градови во амазонската прашума во Колумбија.
Мајката на четири деца, едно од трите пронајдени мртви, се вика Магдалена Мукутуј Валенсија. Огромните дрвја кои можат да пораснат и до 40 метри, дивите животни и обилните врнежи ја отежнаа потрагата.
Во потрагата биле користени три хеликоптери, од кои едниот исфрлил снимена порака од бабата на децата на јазикот Хуито, во која им вели да престанат да се движат низ џунглата. Висината и дебелината на дрвјата го отежнуваа гледањето на децата од воздух, а некои достигнаа и над 50 метри височина. Дивите животни и обилниот дожд исто така ја пролонгираа потрагата, при што условите во џунглата се сметаат за опасни, пишува „Дејли мејл“.
Властите не кажаа што ја предизвикало падот на авионот. Пилотот пријавил проблеми со моторот само неколку минути пред авионот да исчезне од радарот, соопшти колумбискиот сектор за одговор при катастрофи.
Тоа е регион со малку патишта до кој исто така е тешко да се стаса по река, така што воздушниот транспорт е вообичаен. Луѓето се прашуваат како четири мали деца можеле да преживеат 17 дена во такви услови.
Несреќата се случила на почетокот на мај, кога во џунглата паднала цесна 206 со седум лица.