ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение реагираше на изјавата на вицепремиерот, Артан Груби за изградбата на коридорите 8 и 10д.
-Добро е Артан Груби што е свесен дека ќе лежи затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната. Груби лаже и затоа растура пердуви. Кога не би лажел требаше да одговори:
Зошто прифатиле да се суспендира континенталното право и за „Бехтел и Енка“ да важи англосаксонско право?
Зошто дивоградбите и легалните објекти ќе се легализираат по исти цени?
Зошто сите грешки од проектирањето на „Бехтел и Енка“ ќе ги плаќа државата т.е. граѓаните?
Дали Груби и Ковачевски од свој џеб ќе прифатат да ги платат пеналите за обврската која ја преземале за зголемување на часовите на работна недела – се наведува во реакцијата од опозициската партија.
Претходно денеска, Груби имаше обраќање во Стопанската комора каде говореше за изградбата на коридорите и порача дека не познава ниту еден политичар кој ќе си дозволи коруптивни активности во проект што го спроведуваат вакви компании, како Бехтел и Енка.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)