Aгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 20 април 2023 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 20 јули 2023 година.
Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 јули 2023 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).
Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.
Повеќе информации за Бенифициран стаж и Изјавата за продолжување на членство во задолжителен пензиски фонд на следните линкови:
https://mapas.mk/benificiran-staz/
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460