Осумдесет и четири годишно лице од струшкото село Октиси утрово починал при пожар во куќата на неговиот син.
СВР Охрид денеска соопшти дека во ОВР Струга било пријавено дека во 3 часот и 30 минути во селото Октиси, настанал пожар во куќа сопственост на М.М.
– Од здобиените повреди во пожарот починал И.М.(84) од истото село, татко на М.М., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира портпаролот Стефан Димоски.
Пожарот го изгаснала екипа на Територијалнаата противпожарна единица од Струга, а увид извршиле полициски екипи.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...