Снајперски пушки, минофрлачи, лично вооружување, оклопни возила и богатото искуство на војниците денеска беше презентирано пред учениците и останатите граѓани од Штип во кругот на касарната „Јане Сандански“. Младите имаа прилика за прв пат да држат оружје во раце, да нишанат со снајпер и констатираа дека има разлика, но и многу сличности меѓу снајперистите во живо и тие во компјутерските игри. Дино Николов, гимназија „Славчо Стојменски“ имал прилика денеска за прв пат да држи снајпер во рака, да гледа од снајпер и рече дека е прилично тешко оружје.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/04/sjaperist-vo-maskirna-oprema-jpg.webp)
-Снајперистот треба да биде физички спремен, горниот дел да му развиен. Имав прилика од прва рака да видам како војниците живеат и е убаво искуство за младите кои сакаат во иднина да ја штитат државата, изјави Николов.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/04/ucenik-so-sjnaper-1024x742-1.webp)
Снајперистите им објаснија дека за да стрелаат од еден километар, освен психичката и физичката подготвеност, треба и добар вид, како и дополнителна опрема, како двоглед и слушалки поради остриот звук.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/04/zena-vojniksredba-so-ucenici-jpg.webp)
На смотрата по повод Денот на НАТО во Втората пешадиски баталјон во Штип беа прикажани дел од средствата и опремата.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/04/vojnik-so-vizer-1024x683-1.webp)
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/04/arm-stip-vozila-1024x683-1.webp)
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска присуствуваше на активностите во касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде заедно со граѓаните ги проследи активностите организирани од страна на вториот пешадиски баталјон, како и приказот на средствата меѓу кои се и лесните оклопни возила “JLTV Oshkosh”, за кои имаше голем интерес од страна на присутните.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/04/slavjanka-petrovska-so-pistol-1024x683-1.webp)
Денешната активност е дел од цивилно-воената соработка на Армијата на Република Северна Македонија со која традиционално пред граѓаните транспарентно се прикажуваат активностите, опремата и средствата кои се дел од процесот на модернизација, преку овозможување на непосреден пристап на сите заинтересирани, особено при одбележување на значајни датуми.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)