Денес од 13 до 15 часот, повторно пред Владата, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.
-Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70% од вработените се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари. Вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30%, информираат вработените.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)