„Денес беше добар ден за демонстрација на меѓународна солидарност“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по завршувањето на Меѓународната конференција на донатори во Брисел. Комисијата оваа донаторска конференција ја организираше со Шведска, која e претседавач на Советот на ЕУ, да обезбеди помош за областите погодени од земјотресот во Турција и Сирија.
„Нашите очекувања беа надминати“, рече претседателот на Комисијата на соодветната прес-конференција, бидејќи Конференцијата конечно успеа да собере 7 милијарди евра за да помогне во обновата на Турција. Поточно, ЕУ ќе понуди 3,3 милијарди евра, остатокот ќе го дадат меѓународни донатори, додека 1,1 милијарди евра ќе даде самата Комисија и 500 милиони Европската инвестициска банка.
Најважно е, како што напомена Урсула фон дер Лајен, ЕУ да и помогне на Турција со своето искуство и знаење за обнова, давајќи им приоритет на изградбата на училишта, но и силни безбедни куќи.
Во однос на Сирија, претседателката на Комисијата посочи дека ќе бидат дадени вкупно 908 милиони евра, од кои 108 милиони од ЕУ Европската унија нема дипломатски односи со претседателот Башар ал Асад поради војната што беснее од 2011 година.
Сепак, фон дер Лајен изјави дека денешната Конференција е само почеток, бидејќи во средината на јуни (14-15 јуни) ќе биде свикана седмата конференција за иднината на Сирија, на која главна тема ќе биде политичката иднината на земјата, но и собирање повеќе пари за нејзина обнова.