Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на настанот „Едно семејство“, што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село, со кој Детско село им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација.
-Грижејќи се за деца во ризик и нивна поддршка, преку семеен модел за алтернативна грижа за деца и реализирање програми за социјална превенција, СОС Детско село е значајна алка во нашето општество, пружајќи дом и топлина за секое дете кое е дел од ова семејство, рече сопругата на претседателот.
Таа ја поздрави улогата на корпоративниот сектор и на поединци со чија поддршка СОС Детско село долги години успешно ја врши својата основна функција и претставува пример во нашето општество.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/03/sos-detsko-selo-1024x682.webp)
-Верувам дека денешниов настан ќе биде инспирација и мотив и понатаму да помагаме, подаруваме и подржуваме. Тоа не секогаш мора да биде финансиска или материјална поддршка. Доволно е и да го даруваме нашето време, нашата љубов, да посветиме внимание и да се грижиме за сите на кои им е потребна помош, истакна сопругата на претседателот.
Додаде дека без разлика на сите кризи, искушенија, проблеми, не треба да ја загубиме човечноста и треба да ги зачуваме надежта и вербата, да бидеме оптимисти и да шириме позитивна енергија дарувајќи љубов затоа што, како што рече, сите сме дел од едно семејство и треба да сме тука еден за друг и во добро и во лошо.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D1%93%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%81%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D0%B8%D1%82%D1%83%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%BC%D0%B5%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B8%D0%B2%D0%BEYsjTB/G0o8r0rXG/large.webp?use_watermark=0)
Покрај доделувањето на признанија на дваесетина компании и организации и дваесетина индивидуалци за нивната поддршка, на настанот беа претставени и постигнувањата и корпоративните активности на СОС Детско село во изминатата година, а беше изведен и перформанс од балетското студио Балерина.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)