Во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги посети селата Теово, Богомила и Горно Врановци во општина Чашка.
Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во Теово му беше претставен јаворот за којшто се претпоставува дека е засаден во 15 век, претставува симбол на селото и е едно од најстарите дрва во земјава.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%87%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82%C2%A0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5-%D0%B2-%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5-%D1%81_GazJZ/zVygBHScV/large.webp?use_watermark=0)
-Претседателот беше информиран дека поради староста и спецификите, донесено е решение ова платаново стебло да биде прогласено за природна реткост, под надлежност на општина Чашка и беше запознаен со мерките што се преземаат за заштита, ревитализација и одржување на јаворот. Во разговорот со локалните жители беше посочено дека овие раритетни стебла, покрај како споменик на природата, имаат и културно-историска вредност создавана низ вековите, којашто секоја генерација има обврска да ја сочува, се наведува во соопштението.
Претседателот Пендаровски имаше можност да поразговара со жителите на Теово и за секојдневниот живот во селото, за предизвиците со кои се соочуваат, и да ги слушне нивните размислувања за актуелните теми во државата.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%87%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82%C2%A0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5-%D0%B2-%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5-%D1%81_3VZnc/3UFZHO8po/large.webp?use_watermark=0)
-Во селото Богомила претседателот Пендаровски ја посети спомен-куќата на познатиот македонски општественик, публицист и идеолог на револуционерното ослободително движење и еден од основачите на ТМРО, Петар Поп Арсов. Од страна на историчарот и кустос Марин Клифов и директорот на Народниот музеј Велес, Ангел Коруновски, претседателот беше информиран дека во 1986 година куќата е конзервирана и била поставена музејска поставка, а истата година е прогласена за културно наследство на државата. При разгледувањето на документираните записи, предмети и фотографии, беше истакнато дека покрај што претставува признание и чест за делото на македонскиот револуционер, спомен-куќата истовремено е важен сегмент во туристичките потенцијали на Богомила, поради што пред дваесеттина години е санирана и реконструирана, задржувајќи ја автентичната архитектура, информира Кабинетот на Пендаровски.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%87%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82%C2%A0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5-%D0%B2-%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5-%D1%81_YEFuX/3P788mKW2/large.webp?use_watermark=0)
Во селото Горно Врановци, пак, шефот на државата ја посети Партизанската печатница „Гоце Делчев“, каде што е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“, Меморијалниот музеј на Президиумот на АСНОМ, како и Меморијалниот музеј на Главниот штаб на НОБ и ПО на Македонија.
-При посетата беше посочено дека петте спомен-куќи во Горно Врановци, кои претставуваат меморијални музеи, сведочат за значаен историски период од антифашистичката народноослободителна борба и неопходно е постојано подигање на свеста за одржување на автентичноста на објектите и зачувување на музејските поставки во нив, информира Кабинетот ан Пендаровски.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)