Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднел Предлог за определување мерка куќен притвор против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ од член 190 став 1 од Кривичниот законик.
– Во пет наврати осомничениот 30-годишник на различни локации во Скопје, во автобуси и влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки со што го сторил наведеното кривично дело, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија
Предлогот за куќен притвор е поднесен бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против морал кое постои опасност да го повтори.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)