Храбар тинејџер од Турција рано утринава неповреден беше извлечен од урнатините на уништената зграда во градот Газиантеп, четири дена откако земјата беше погодена од катастрофален земјотрес.
Пред зори во Газиантеп, во близина на епицентарот на земјотресот, спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што беше заробен од понеделникот. 17-годишникот се насмевнал на толпата пријатели и роднини кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки.
„Фала му на Бога што успеа“, рече тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнаа да го бакнат и прегрнат додека беше натоварен во амбуланта.
Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта.