Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрираше земјотрес 165 км југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје во соседна Грција, информираат од ЦУК.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 18.47 часот со Рихтерова локална магнитуда МЛ3.4 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.