Околу 150 здравствени работници од земјава се пријавиле доброволно да одат за Турција и да им помогнат на погодените граѓани од катастрофалниот земјотрес. Ова претпладнево го соопшти министерот за здравство, Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање дали и колку медицински тимови се формирани за да заминат за Турција, откако дел од докторите преку социјалните мрежи апелираа дека се спремни да ја понудат својата професионална помош.
„Овде се работи за привремена поддршка на турските граѓани кои се погодени од природна несреќа. Ние во текот на изминатиот ден објавивме јавен повик до сите граѓани, односно до целиот медицински персонал да се пријават доброволци за упатување кон местата коишто се погодени од земјотресот. До доцните часови на вчерашниот ден имав список од околу 150 доброволци здравствени работници, а тоа е огромна бројка и покажува колку нашиот народ е спремен да помогне“, изјави Сали.
Тој очекува дека денеска до пладне ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци, кој потоа ќе го понудат до Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК пак, дополнително треба да искомуницираат со турските власти за да ги известат за човечките и материјалните капацитети кои ние како држава би можеле да им ги ставиме на располагање.
„Во понуда ги ставивме и двете комбиња кои се специјализирани за интензивна нега кои ги добивме како донација за Педијатриската клиника. Тие комбиња кои се специјализирани со два комплетирани тима од доктор, шофер и сестра се спремни да заминат до погодените места. Има список на лекови кој ние го обезбедивме преку компании донтори и тие ги ставаме на располагање па турските власти ќе одобрат за што имаат потреба за ние да ги пуштиме“, објасни министерот.
Прашан кога се очекува да тргнат првите медицински тимови, тој рече дека се уште точно не се знае бидејќи мора да се испочитуваат сите протоколи за комуникација преку ЦУК и НАТО канали на комуникација со Центарот за управување со кризи на Турција.
„Чекаме одговор кога тие ќе кажат што конкретно им треба за ние да тргнеме. Ние сме спремни“, додаде Сали.
(В. Ми)
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460