Се забележува ли стигма, има ли одредени предрасуди со кои се соочуваат децата чии родители се разведуваат?
-Мислам дека тоа го има сѐ помалку, но не се невообичаени. Најважно е детето кога родителите ќе се разведат има еден термин бинуклеарно семејство. Семејството има еден нуклеус, едно јадро. Потоа се разделува и мајката и таткото формираат или нови семејства или живеат сами, а најважно е детето да се чувствува и во едното и во другото семејство.
Со оглед на тоа дека сето ова го обработивте и во книга, колку преку пишаниот збор може за една ваква тема да ја зголемиме свеста во општеството?
-Мислам дека може да им се дадат идеи на младите психолози како да работат. Инаку сакам да споменам дека има и библиотерапија, тоа е еден од начините како да се справат децата со разводот. Мојата книга е стручна книга, замислена е како буквар на разводот, за стручњаците кои се занимаваат со ова. Направено е истражување, но насочена е и кон оние кои имаат потреба да се запознаат со некои фази на разводот, за луѓе кои планираат или веќе се разведени и сакаат нивните деца да трпат што помалку.
Понекогаш луѓето кои не се во добар однос со партнерот/партнерката знаат да кажат дека остануваат во брак поради детето. Дали е навистина добро за детето да биде дел од еден токсичен однос меѓу родителите, колку е ова оправдано?
Токсичниот однос никогаш не е добар за децата, подобро е добар развод отколку лош брак. Истражувањата покажуваат дека децата од конфликтни семејства помалку трпат од оние чии деца се разведени, а комуницираат меѓу себе. Моето истражување покажа дека децата на разведените родители не се во поголем ризик во споредба со останатите адолесценти. Најголем проблем е односот меѓу родителите, ако е тој конфликтен ќе има влијание врз децата. Ако нивниот одннос е добар дури и да се разведени нема да има негативен ефект.
Што значи да се има добар однос после развод? Дали тука се подразбира заедничко прославување на родителите на детето, одбележување на празници или во најмала рака една пристојна комуникација?
-Доволно е да имаат пристојна комуникација, да не глумат среќно семејство. Важно е детето да се чувствува добро, да биде прифатено, да се има со некоја комуникација и добро да се чувствува и во едното и во другото семејство ако има маќеа или очув. Овие деца имаат две, наместо едно семејство. Тоа не е страшно, но лошо може да биде ако нема воопшто контакт со едниот родител како што понекогаш се случува.
Споменавте дека се потребни околу две години за адаптација, но дали разводот остава далекусежни последици кај детето во однос на тоа како ќе ја перцепира љубовта и како ќе гледа на семејството кога веќе ќе биде возрасна личност?
-Пак ќе кажам, истражувањата покажуваат и такви некои карактеристики. Сепак, сѐ зависи од функционалноста на семејството. Не е толку важна структурата на семјството колку функционирањето на семејството. Ако добро функционира нема да остави трајни траги.
Вања Мицевска