Претседателот Пендаровски при приемот на унгарската претседателка Каталин Новак и подаде кученце шарпланинец, која таа со задоволство го погали.
-Ова е Роки, има три месеци и е засилување на кабинетот по прекоманта од Армијата. Тој е симбол на нашата традиција, рече Пендаровски и го подаде Роки.
Тоа беше доволно за да се појават муабети дека тој и го подарил кучето, па Пендаровски мораше да објасни.
-Дека кучето е подарено не е точно. Таа има две преубави кучиња, ова беше само да и покажеме наша раса, специфична за кај нас. Проеговори со ЕУ може да водиме, а прегпвпри Роки да го дадеме-не, се пошегува Пендаровски.
На тоа се надоврза и унгарската претседателка:
-Имам веќе две и веројатно моите нема да го прифатат Рок со задоволство, затоа задоволство ми е што го погалив и ќе го оставам тука, рече претседателката.
Од Кабинетот на Пендаровски за ММС рекоа дека кучето е подарок од Армијата, им го подариле по новогодишните празници и е единственото куче што го имаат.
На прашањето дали Пендаровски ќе го земе Роки по завршувањ ена мандатот ни рекоа:
-Шарпланинецот Рок е во сопственост на Армијата и во Кабинетот е даден на чување како подарок. Се надеваме дека убаво ќе се адаптира на атмосферата, со добро здравје и дружба со колегите. По завршувањето на мандатот на претседателот Пендаровски, се надеваме дека и идниот Кабинет ќе сака да го задржи како своевиден чувар и член на Кабинетот, рекао за ММС.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460