Двајца полициски службеници и тројца кумановци се повредени во сообраќајна несреќа што е случи вчера пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.
-Вчера во 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И.од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.
![општа болница куманово за миа Новогодишна ноќ во Куманово помина мирно, соопштија денеска надлежните институции, општата болница и итна помош Куманово.](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%9C%D0%B2%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BEcjc/r6/large.webp?use_watermark=0)
– Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово, соопшти полцијата.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)