Најдобриот македонски теквондист Дејан Георгиевски имаше успешен настап на престижниот „Президент Куп Г2“ во Истанбул, освојувајќи го денеска бронзениот медал.
Георгиевски го обезбеди медалот со сигурна победа во четвртфиналето против домашниот претставник Демирчиоглу со 2-0, по што во полуфиналето во израмнета борба загуби од актуелниот олимписки првак Сисе од Брегот на Слоновата коска со 2-0.
Георгиевски, кој на Олимписките игри 2020 во Токио го освои сребрениот медал во категоријата над 80 килограми, со успешниот настап на Купот во Истанбул освои и нови бодови за олимписка норма за Игрите 2024 во Париз.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...