На граничниот премин Деве Баир полицајците не пропуштаат бугарски граѓани, бидејќи, како што инафомираа од МВР компјутерскиот систем е паднат и се работи на отстранување на проблемите.
И додека од македонската страна на границата е мирно, на социјалните мрежи се појавија видеа, кои покажуваат ека од бугарска страна пристигнати се околу 50тина бугарски државјани, кои тргнале за Скопје на чествување на 151 годишнината од раѓањето на Гиоце Делчев, но засега не можат да влезат во земјава.
Тие се револтирани и со недолично однесување и навреди се однесуваат кон полицијата. Во едно од видеото на социјалните мрежи се гледа како полицајците ги нарекоа „цигани“.
Погледнете ја снимката од Виктор Стојанов од „Фондација Македонија„ објавена на неговиот Фејсбук профил:
https://www.facebook.com/100080360561260/videos/1582165678876144/
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)