Георгина РОДРИГЕЗ и Кристијано Роналдо се преселија во Саудиска Арабија каде има строги правила за облекување кои секоја жена мора да ги следи.
Во таа земја владее шеријатот, а жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, затоа, не смее да се носи тесна или проѕирна облека, пренесува Индекс.хр.
Во јавност, Георгина треба да носи абаја, традиционална долга туника со темна боја.
Тие живеат под новите правила веќе еден месец, но манекенката неодамна го прекрши кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што и се заканува парична казна.
За првото прекршување на кодексот на облекување, лицето кое е во посета на таа земја мора да плати казна од 100 риали или околу 25 евра. Доколку повторно го прекрши правилото, казната е 200 риали, односно 50 евра.
Георгина и Роналдо со семејството, пријателите и персоналот се сместени во луксузен хотел со пет ѕвезди, каде што престојуваат веќе еден месец додека чекаат да се преселат во новиот дом. Со оглед на тоа колку ќе плати само за сместување во тој хотел, манекенката веројатно не се замара со казната.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460