Според некои украински медиуми, Русија ја тресе голем скандал откако во јавноста протече допис на руската телевизија НТВ, во која се споменува и Кадиров.
Во меморандумот на НТВ се наведува дека нивната новинарка која била испратена да известува од украинскиот град Мелитопољ била силувана.
Како што пренесува Јутарњи лист, станува збор за новинарката Олга Зенкова, која важи за пропагандист на Путин.
Таа отишла во Мелитопољ, кој на почетокот на војната бил окупиран од Русите, за да направи извештај. Меѓутоа, како што се наведува, таа налетала на злогласната чеченска бригада предводена од Хасан Ибрахимов, роднина на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, а војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот.
Украинците пишуваат дека за таа страшна случка дознале сосема случајно, бидејќи во јавноста протече жалба од НТВ, во која раководството на таа телевизија го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот.
Официјалниот документ бил испратен до шефот на тој Истражен комитет, а самата телевизија не сакала ништо да коментира за да избегне „дискрредитација на руската армија“.