Дани Алвеш (39) се уште ги минува деновите во затворска ќелија во Барселона.
Најодликуваниот фудбалер на сите времиња заврши зад решетки откако на 30 декември беше обвинет дека силувал 23-годишна девојка во ноќен клуб во Барселона.
Според последните информации на шпанските медиуми, Алвеш и неговиот адвокат Кристобал Мартел ќе бараат Бразилецот да се брани од слобода. Во меѓувреме, Алвеш е преместен од затворот Браинс 1 во Браинс 2, кој е помал и посигурен, пренесува 24сата.хр.
Каталонскиот весник Ла Вангуардиа откри детали од животот на Алвеш во затвор. Алвеш, кој во кариерата освои дури 43 трофеи, наводно веќе го одиграл првиот фудбалски натпревар во затвор!
Тоа се случил минатиот четврток, а затворениците имаа големи очекувања од Алвеш. Одиграл брилијантно и ги воодушевил присутните затвореници со кои имал добри односи, па дури и им давал автограми.
Истиот весник споменува дека Алвеш дели ќелија со човек што го познава. Станува збор за Бразилецот познат како Кутињо, но не се работи за поранешниот бразилски репрезентативец, а денес играч на Астон Вила, туку за поранешниот телохранител на Роналдињо.
Во затвор Алвес користел купон од 100 евра за четири лименки туна, четири јогурти, шампон за туширање, дезодоранс и енергетски пијалоци.
Ќе прифатам што и да дојде. Излегов од дома кога имав едвај 15 години. Имам надминато многу тешки и комплицирани ситуации во мојот живот, ова е еден од многуте моменти што ќе минат. Ништо не ме плаши – им рекол Алвеш на останатите затвореници.
Доколку судот во Барселона му одобри кауција на Алвес, тој ќе мора да го предаде пасошот и да носи електронска нараквица за следење.