Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека во казино од хотел, 67-годишниот Г.З. од Република Грција се струполил на подот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, појаснуваат од МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Фото: Фрипик
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...