Избегнувајте ја Илинденска - Посебен сообраќаен режим во Скопје
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/22 8:28 AM

Избегнувајте ја Илинденска – Посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“, поради најавен протест од приватните автобуски превозници закажан за од 6 часот.

Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на „Илинден“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со булварот „8 Септември“  и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7