ММС

Објавено на: 02/20/21 8:04 AM

Променливо облачно време и температури до 14 степени

Променливо облачно со сончеви периоди не’ очекува денеска во земјава – најавија од УХМР.

Во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени слаби врнежи од дожд, на повисоките планините од слаб снег. До утринските часови врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта со повремени слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.