Услови за користење

Прифаќање на условите за користење на www.mms.mk

Со пристапот на интернет страницата www.mms.mk ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата www.mms.mk

Македонски Медиа Сервис ДООЕЛ го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови.

- Право на користење

Посетителите на интернет страниците на www.mms.mk имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање.

Посетителите на интернет страницата на www.mms.mk немаат право на никаков начин да ги преземаат содржините, целосно или делумно, и да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква и да е друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални цели, без писмена согласност од Македонски Медиа Сервис ДООЕЛ.

Секое преземање на содржините на www.mms.mk , односно нивно користење, без писмена согласност од страна на Македонски Медиа Сервис ДООЕЛ е недозволиво и се наплатува.

Цените за преземање на содржините на www.mms.mk изнесуваат:

Со самото објавување/преземање, оној што неовластено ќе ја објави содржината се согласува со овие услови и се согласува, покрај граѓанска одговорност за стореното дејство, да му се изврши наплата на преземената содржина согласно горенаведениот ценовник.

- Точност на содржините

Содржината на интернет страницатa www.mms.mk e изработена во согласност со професионалните новинарски и технички стандарди на Македонски Медиа Сервис ДООЕЛ и не е одговорна за евентуални директни или индиректни последици од употребата на тие содржини.

- Заштита на авторските и сродни права

Информативните содржини на интернет страницата www.mms.mk се дел од базата на податоци на Македонски Медиа Сервис ДООЕЛ. Таа база од податоци е сопственост на Македонски Медиа Сервис ДООЕЛ и е во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права и е заштитена како самостојно авторско дело.

Интернет страницата www.mms.mk содржи заштитени жигови, знаци и називи на друштвото, вклучително и логото и името Македонски Медиа Сервис ДООЕЛ.

- Заштита на приватноста и тајност на податоците

Интернет страницата www.mms.mk ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се дотапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.