МВР информира дека е уапсен скопјанец кој палел кабли во Тетово и предизвикал пожар.
-Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.”Маршал Тито” во Тетово. Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.