-Одлучив да се кандидарам за градоначалничка на општина Центар, општината во која што живеам, во која што ги делам истите проблеми со моите сограѓани и во која што го дишеме истиот воздух, кој, за жал, не е загаден само со ПМ честички, туку и со многу лоши политики и корупција, која погубно делува на граѓаните.
Ова го кажа екс претседателката на ДКСК, Билјана Иванова, која на денешнтата прес конференција и официјално е објавена како кандидат на Општин Центар од страна на платформата „Независни заедно“, која е поддржана од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“.
Ивановска на почетокот кажа дека во нејзината кампања ќе бидат најважни три столба, а тоа се правда, интегритет и одговорност.
-Ова се вредности кои ме водат цел живот и сметам дека тука можат да се преточат во креативни политики кои ќе обезбедат подобра и поздрава општина за нашите граѓани. Првиот столб е одговорност, отчетност и транспарентност, бидејќи општината припаѓа на сите граѓани.Вториот е инклузивност, бидејќи секој граѓанин е важен и неговата индивидуалност и креативност е важана за заедницата. Третиот столб е заедништво и солидарност, бидејќи верувме во управување со вредности, а не со профит, рече таа и додаде:
-Мојата кампања ќе се фокусира на барање на решенија, не на лични навреди. Моите заложби секогаш биле пред се граѓаните, не партиите. Мојата визија е општината да биде на граѓаните, не на профитот. Досегашната состојба е резултат на многу корумпирани и лукративни политики кои го занемарија интересот на граѓаните. Мене не ме водат апетити за профит, јас го вложувам мојот интегритет за да понудам решенија кои можат да бидат добри за живеење и да го вратат достоинствениот живот. Не барам моќ и функција, туку сакам моќта да им ја вратам на граѓаните, сметам дека во општината има граѓани со ум и срце. Јас сум 10 години граѓански активист, поранавме во „Шанса за Центар“, рече Иванова.
Ивановска рече дека смета дека ужива углед и доверба кај граѓаните
-Од нив ми треба само нивната доверба, а јас им ги нудам моите професионалност и одговорност. Во нашиот тим има професионалци кои знаат и можат да понудат одлични решенија. Во општината е направена огромна штета досега и таа тешко може да се поправи, но можеби некако може да се ублажи. Нема да дозволувам детални урбанистички планови кои не се усогласени со Генералниот урбанистички план.. Она што мене ми е приоритет е дозволите и плановите за градење да бидат усогласени со стандардите. Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во нашата општина. Тоа значи секој од прозор да гледа три дрвја, на секој жител да има барем 30 квадрати зеленило и секој да живее на 300 метри од парк, рече таа.