Мозаик од емоции – така организаторите на Струмица опен фесивал ја именуваа вечерта посветена на прерано завршениот млад живот на Џоко Ѓоргиев, талентираниот тапанар на ДНК и професор во музичкото училиште „Боро Џони“. Фестивалот од оваа година Летна школа за гитара ја именува по познатиот струмичанец, кој животот го загуби во дискотеката „Пулс“ од Кочани на 16 март.
Групата YU For You заедно со Димитар, братот на Џоко Ѓоргиев и 8 тапани силно затропаа и предизвикаа емоции во публиката, меѓу нив и родителите на Џоко.
Видеата и фотографиите зборуваат за атмосферата на Струмица опен фест.
Фото: Georgi Konchaliev









